CANON PRO BUNDLE

Canon Pro Bundle

Canon Pro Bundle

Правила и услови на промоцијата „Професионални пакетина Canon CEE

  1. ПРОМОТИВНИ ПРОИЗВОДИ, ПРОМОТИВЕН ПЕРИОД И УЧЕСНИЦИ

 

1.1. Оваа промоција е достапна само на набавки направени на производите од листата наведена/прикачена подолу („Промотивни производи”) во Р. Северна Македонија од овластени партнери помеѓу 15.3.2024 и 16.9.2024, вклучително („Промотивен период”).

1.2. Промотивните производи можат да се продаваат само како куќиште на фотоапарат или како дел од комплет на објективи или пакет но може да се направи само ЕДНО барање по комплет или пакет. Набавките мора да бидат оригинални набавки за готовина или нејзин еквивалент.

1.3. Сите учесници мора да бидат на возраст од 18 год. и постари и треба да бидат жители на Европската економска област или Швајцарија (EEA) („Учесник”) [или на која било од следните земји [ве молиме наведете ја листата на земји кои не се дел од EEA CEE во рамките на промоцијата]].

1.4. Се зема предвид дека сите учесници се согласиле да бидат обврзани со овие правила и услови. 

1.5. Сите производи мора да бидат набавени во Р. Северна Македонија и мора да биле доставени и дистрибуирани до трговците на мало од Canon CEE GmbH („Canon”) или компании од групацијата Canon кои се наоѓаат во EEA. Ве молиме проверете со вашиот трговец за веродостојноста на горенаведеното за да се избегнат разочарувања. Продавниците на интернет мора да прикажат регистрирана/поштенска адреса во Р. Северна Македонија.

1.6. Сите промотивни производи мора да бидат нови и оригинални производи на Canon. Набавки на употребувани, реновирани или обновени производи, или производи кои се фалсификувани или ги прекршуваат на кој било начин правата на интелектуалната сопственост на групата компании на Canon (на пример, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на паралелни или "сиви" производи) нема да се квалификуваат за оваа промоција. За да дознаете повеќе за паралелни производи, погледнете на http://www.canon.com.mk.

 

  1. КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ

 

2.1. За учество во промоцијата, учесникот мора да го набави промотивниот комплет на производи во Р. Северна Македонија во промотивниот период И да поднесе важечко барање онлајн во периодот помеѓу 15.3.2024 и 16.9.2024.

2.2. Барањата мора да бидат поднесени онлајн со целосно и исправно пополнување (вклучувајќи ги и одредените валидни сериски броеви на EMEA производите) на образец за барање на http://www.canon.com.mk/offers/probundle/.  Учесниците ќе треба да скенираат, постават и прикачат на онлајн образецот копии од нивните сметки или потврдите за онлајн набавка. Учесниците ќе добијат електронска пошта во рок од 28 часа која го потврдува успешното добивање на нивното барање. Доколку не добиете потврдна електронска пошта во рок од 28 часа по изработката на вашето барање, ве молиме контактирајте не преку е-поштата: info@canon.rs

2.3. Промотивните производи се предмет на достапност додека траат залихите. Canon нема да биде одговорен за неуспехот на трговците на мало да ги исполнат нарачките на промотивни призводи за време на промотивниот производ.

2.4. Canon нема да обработи никакви барања примени по истекот на рокот за прием на истите по 16.9.2024. Canon нема да процесира барања кои според неговото мислење се нецелосни или нечитливи. Canon нема да биде одговорен за одложени или неуспешно примени барања.

2.5. Може да се направи само едно барање за набавен промотивен комплет на производи.

2.6. Барања од компании или поединци кои прават набавки на големо (повеќе од 6 промотивни производи за време на промотивниот период, освен кога релевантните производи се дел од комплети или пакети како што е опишано во клаузулата 1.1) нема да бидат прифатливи за оваа промоција.

2.7. Оваа промоција не може да се откупи во поврзаност со која било друга промоција.

 

  1. ПОВРАТ НА ПАРИ

 

3.1. Учесниците ќе добијат поврат на пари во износите прикажани за набавките на промотивните производи.

3.2. По приемот и верификацијата на барањето, Canon ќе организира директна исплата на банкарска сметка на учесникот. Нема да се применат други алтернативни аранжмани и нема да биде понудена исплата со пари или со чек.

3.3. Canon ќе се обиде да го направи трансферот во рок од 28 дена по приемот на целосното и валидно барање.

3.4. Доколку учесник не избере една од понудените валути на образецот за барање, може да се додели според апсолутно дискреционо право на Canon.

3.5. Ќе се издаде само една исплата по жичен трансфер по важечко барање.

3.6. Ако сте регистриран ДДВ обврзник во Р. Северна Македонија и добивате поврат на пари, тоа може да ја намали оданочуваната вредност на вашата набавка и затоа можеби ќе треба соодветно да го намалите влезниот данок.

3.7. Сите даноци, давачки или одговорности наметнати или применливи за повратот на пари, ќе бидат на товар на учесникот и Canon нема да прифати никаква одговорност во однос на ова.

 

  1. ПРОМОТОР

 

4.1. Промоторот е Canon CEE GmbH, Oberlaaer Straße 233, 1100, Виена, Австрија.

 

  1. ОДРЕКУВАЊА ОД ОДГОВОРНОСТ

 

5.1. Во најголема мера дозволена со закон, Canon нема да одговара за каква било загуба, штета или повреда од каква било природа, предизвикана од кој било учесник во рамките на оваа промоција. Меѓутоа, ништо во овие правила нема да има ефект на исклучување или ограничување на одговорноста на Canon за лична повреда или смрт предизвикана од докажана небрежност на вработените или агентите на Canon.

5.2. Canon го задржува правото да ја поништи, прилагоди, и/или измени оваа промоција во секое време без никаква одговорност. 

5.3. Canon го задржува правото да ревидира барања за да обезбеди усогласеност со овие правила и услови и да побара дополнителни информации и придружни документи. Canon го задржува правото да исклучи барања и/или учесници ако се посомнева дека промоцијата се злоупотребува на каков било начин. Одлуките на Canon во врска промоцијата се конечни и нема да бидат внесени кореспонденции.

 

  1. 6.   ПОДАТОЦИ

6.1. Canon Europa N.V., 59 Bovenkerkerweg, 1185 XB е контролор на податоци во однос на какви било лични податоци доставени од учесниците. Кои било лични податоци доставени до нас ќе бидат обработени од Benamic, IDA Business & Technology Park, Ring Road, Килкени, Ирска, заради администрирање на оваа промоција и доколку е применливо, за маркетинг цели - во случаи кога учесниците се определиле да добијат маркетинг комуникација од Canon. Дадените лични податоци се чуваат безбедно и можат да бидат пренесени на безбеден сервер надвор од EEA.

6.2. Личните податоци собрани од учесниците се предмет на Политиката за приватност на податоците за потрошувачите на Canon http://www.canon.com.mk/privacy-policy/.

  1. ПРАВО И НАДЛЕЖНОСТ

 

Овие правила и услови и сите спорови кои произлегуваат од или во врска со нив ќе се регулираат и толкуваат во согласност со законите на Австрија и ќе бидат предмет на неексклузивната надлежност на австриските судови.

 

  1. ПРОМОТИВНИ ПРОИЗВОДИ

 

 

Производ

Сума на поврат на пари

 

EOS C70

36.900 MKD

Документарец

RF 70-200 f/2.8

EOS R6 Mark II, куќиште

43.050 MKD

Документарец

RF 10-20

XA70

9.225 MKD

Документарец

BP-828

EOS R3, куќиште

123.000 MKD

Спорт

RF 100-300

EOS R7, куќиште

18.450 MKD

Спорт

RF 100-400

EOS R6 Mark II, куќиште

43.050 MKD

Венчавка

RF 28-70 f/2.8

EOS R5c

43.050 MKD

Венчавка

RF 24-105 f/2.8

EOS C70

49.200 MKD

Реклама

RF 24-105 f/2.8

Grid  List 

Set Descending Direction
per page

Grid  List 

Set Descending Direction
per page