Sony Vlog Contest MK

Sony Vlog Contest MK

Sony_vlog

Видео конкурс #кој, #што, #каде 20.06.21 – 20.07.21

#Кој, #што, #каде?

Раскажи ни своја вистинска лична приказна. Историја, која најдобро те опишува преку лични искуства, искористи ги трите збора и создади влог, којшто ќе го претстави твоето вистинско јас. Учествувај во конкурсот и освои вредна награда Sony ZV1BDI во комплет со GV2PT2.       

Во своето видео раскажи ни:

Што најмногу сакаш да правиш?

Кој си и што правиш?

Каде живееш?

Како да учествуваш:

  1. Направи свое кратко видео на темата во должина од 3 – 5 минути.
  2. Во него постави го логото на конкурсот, кое можеш да го симнеш од галеријата подолу.
  3. Стави го видеото на твојот профил на Youtube. Видеото треба да биде јавно. Насловот треба да ги содржи клучните зборови Sony Vlog Contest MK како и твојот оригинален наслов.
  4. Сподели го видеото на твојот Facebook профил и искористи го хаштагот #sonyvlogcontestmk. Неопходно е објавата да биде јавна.

 

Победникот ке биде објавен по завршување на конкурсот 20.07.2021. Видеата ќе се примаат до 20.07.2021.

 

Правила и услови на Конкурсот

 

  1. Организатор на Sony Vlog Contest MK е Пикс Плус Траде дооел, адреса Народен фронт 21 Скопје (организатор). Конкурсот не е спонзориран, одобрен, администриран или поврзан со Youtube или Facebook. Секој учесник во Конкурсот целосно го ослободува Youtube или Facebook од било каква одговорност.
  2. Конкурсот е достапен за лица над 16 години со личен профил на Facebook кои се жители на Северна Македонија. Вработени во Пикс Плус Траде дооел, и членови на нивните семејства немаат право да учествуваат на Конкурсот.
  3. Конкурсот започнува на 20.06.2021 и трае до 20.07.2021 (Период на конкурсот) Наградата е пакет од ZV1BDI и GV2PT2 за еден победник на конкурсот.
  4. За да учествувувате на Конкурсот треба да се исполнат следните чекори:

Чекор 1 направете сопствено видео во траење од 3 до 5 минути за тоа што најмногу сакаш да правиш (што), вашата професија (кој) и вашето место на живеење (каде).

Чекор 2 објавете го видеото на вашиот профил на Youtube со следните услови

Поставете го клучниот збор “Sony Vlog Contest MK” како наслов на Вашето видео.

Чекор 3 Во Facebook профилот споделете ја врската кон видеото во Youtube и користете го хаштагот #sonyvlogcontestmk.

  1. Објавените видеа може да бидат снимени со секакви уреди. За да учествувате во Конкурсот вашето видео на Youtube и објавата на Facebook треба да бидат јавни. Откако ќе бидат објавени, Вашите видео клипови треба да останат на Youtube профилот до крајот на периодот на Конкурсот, посочен во точка 3. Во спротивно Вашето учество нема да биде признато.
  2. Со преземање на посоченото лого и негово додавање на Вашата минијатура (thumbnail) опишано во точка 4, поднесување на видеото во согласност со точка 4 погоре и земање на учество на Конкурсот, ќе се смета дека учесниците ги разбрале, прифатиле и се обврзале да ги почитуваат правилата и условите на Конкурсот, како и овие правила и услови. Сите дополнителни инструкции за регистрација, определени од организаторот и објавени на Facebook страната на Пикс плус ќе се сметаат како дел од правилата на Конкурсот.
  3. Секој учесник може да учествува со едно видео, кое одговара на правилата на Конкурсот и овие правила и услови.
  4. Се прифаќаат видеа обработени во софтвер за монтажа на видео и други слични програми. Учесникот гарантира дека обработката на видеото е направено со легален софтвер.
  5. Забрането е да испраќаат срамни, клеветнички, недолични, порнографски, навредливи, застрашувачки или незаконски материјали, (како видеа така и поврзани коментари/белешки) или материјали кои може да претставуваат или поттикнат однесување кое би се сметало за прекршок, би довело до поведување на граѓанска одговорност или на било кој друг начин би го нарушило законот, општите услови на Youtube или правилата за користење на Facebook.

Учесниците немаат право да испраќаат видеа кои вклучуваат воден жиг или марки на трети страни. Учеснците не треба да манипулираат со индикатори на услугата на Youtube вклучително и со бројот на прегледи, допаѓања, претплатници, така што тие показатели да не ја одразуваат вистинската посветеност на корисниците на Youtube.

  1. Организаторот ќе ги разгледа сите видеа кои одговараат на условите, објавени на Youtube и споделени на Facebook во текот на периодот на траење на Конкурсот, кои ќе бидат оценети според сопствена проценка на организаторот врз основа на нивото на креативноста, оригиналноста и визуелно/емоционалното влијание на делото. Организаторот ќе направи список со 10 одбрани кандидати врз основа на горе посочените критериуми, а конечното определување на победникот ќе биде направено од страна на жири, чие решение ќе биде конечно.
  2. Организаторот ќе го контактира победникот на Конкурсот преку Facebook Messenger и ќе биде замолен да го испрати фајлот од избраното видео за да се демонстрира усоглaсеноста со правилата на Конкурсот и овие правила и услови. Потоа организаторот ќе се поврзе со победникот на Конкурсот преку Facebook Messenger или email со инструкции како победникот да ја подигне наградата. Доколку победникот не одговори и не ги исполни инструкциите во првичното соопштение преку Facebook Messenger со рамките на 5 (пет) дена или доколку податоците откријат дека видеото не одговара на овие правила и услови, учесникот нема да има право да ја подигне наградата и ќе биде избран друг победник.
  3. Наградата не може да биде заменета со парична награда, наградите не може да се заменуваат или префрлаат. Доколку наградата не може да биде обезбедена од било каква причина организаторот го задржува правото да обезбеди друга награда во иста вредност.
  4. Победникот зема целосна и лична одговорност за индивидуалните даночни обврски поврзани со добивањето на наградата и подигајки ја го ослободува организаторот од секаква одговорност.
  5. Контактот со победникот на Конкурсот ќе биде направен од претставникот на организаторот преку Facebook Messenger по 20.07.2021 а наградата ќе биде врачена во рок од 30 дена по завршување на Конкурсот. Победникот на конкурсот ќе биде објавен на Facebook страната на Пикс плус Дооел.
  6. Видеата на Конкурсот ќе бидат оценети од жири составено од организаторот а победникот ќе биде избран врз основа на целосна композиција и креативност / оригиналност на видеото.
  7. Со подигање на наградата победникот дава право на организаторот и Сони да може да го користат името, фотографии и видеото за промотивни, рекламни или други цели без дополнителен надоместок или награда освен во случаите кога тоа е забрането со закон.

Освен известувањето на победникот нема да бидат прифатени никакви прашања околу селекцијата и изборот на победникот.

  1. Кога видеото ќе се испрати на Конкурсот учесникот гарантира дека (1) испратените видеа и начинот на учествување во Конкурсот како и самото испраќање целосно одговараат на општите услови на Youtube, општите правила на Facebook, правилата на Конкурсот и овие правила и услови (2) видеото е оригинално, снимено од учесникот (3) учесникот ги поседува сите права (вклучувајки ги и авторските) врз испратеното видео (4) видеото не ги нарушува правата на трето лице (вклучувајки го правото на јавно објавување, доверливост или било какви други еквивалентни права на човекот). (5) Добиена е дозвола (вклучително и дозвола од родителите или старателите, во случај во претставените видеа да биде снимена било каква друга лична информација на деца) за користење на снимка и секоја друга лична информација на секое лице, вклучено во некое од испратените видеа во согласнот со овие општи услови и (6) од сопствениците се добиени соодветни лиценци, дозволи и/или изданија за користење на музика, фотографии, видео, аудио, текст или други материјали кои се содржани во видеото. Учесникот потврдува дека испраќањето на видео од извори од трети лица (вклучувајки на пример други веб сајтови или блогови) е забрането и користењето на такви видеа без дозвола може да претставува повреда на авторските права.
  2. Учесникот може да биде дисквалификуван, исклучен од Конкурсот, а наградата укината доколку организаторот основано установи повреда на правилата на Конкурсот, овие правила и услови, упатствата на Youtube заедницата или јавниот ред и морал.
  3. Учесникот на организаторот и Сони дава неотповикливо, неексклузивно, бесплатно право да ги копира, менува, монтира, адаптира, објавува, умножува, презентира, дистрибуира или на друг начин да користи (вклучувајки користење на комерцијални и/или рекламни цели) поднесените видеа во каква и да е форма или медиум, било каде во светот, за неограничен период (вклучувајки го правото на подлиценцирање на други компании од групата на Сони). Учесникот се согласува дека испратените видеа можат да бидат објавувани на веб сајтовите и акаунтите на социјалните мрежи на компаните на групата на Сони.
  4. Организаторот и Сони не земаат одговорност околу користењето на објавувањето на испратените видеа и учесникот ќе ја носи целата одговорност на сопствена сметка за решавањето на споровите со трети страни во врска со видеата испратени од него. Учесникот се согласува да внимава и ги заштитува организаторот и Сони, нивните поврзни компании, директори, вработени и претставници од секакви барања, штети, загуби, трошоци кои произлегуваат од учествувањето во Конкурсот, вклучително користењето на организаторот и Сони на испратеното видео и подигањето или користењето на наградата од страна на учесникот.
  5. Во врска со овој Конкурс или награда организаторот и Сони не даваат никакви декларации или гаранци без оглед дали експлицитно се изразени или се подразбира, освен како што е експлицитно опишано во правилата на Конкурсот или во овие услови и правила. Организаторот и Сони не сносат одговорност за технички грешки или грешки на платформите Youtube и Facebook, кои може да попречат на даден корисник да учествува во Конкурсот или да добива или испраќа директни пораки. Учесниците се одговорни за сопствените лични повреди или смрт произлезени од сопствено невнимание.
  6. Организаторот има право без претходна најава да откаже, прекине, одложи или да го промени времетраењето на Конкурсот во секое време.
  7. Личните информации на учесниците ќе се обработуваат согласно правилата на доверливост на Република Северна Македонија и Сони и ќе бидат користени само за целите на администрирањето и објавувањето на Конкурсот, вклучително за комуникации поврзани со Конкурсот, управување со учеството, доделување на наградата, прикажување на победничкото видео и за цели поврзани со тие дејности. Со учествување во Конкурсот се согласувате вашето име, држава или регион да бидат публикувани заедно со видеото испратено од вас.
  8. Сите лични информации обезбедени од учесниците ќе бидат уништени или избришани по крајот на Конкурсот освен во случајот на победникот и учесниците чии видеа ќе се користат.
  9. Доколку од организаторот или Сони се побара да откријат било какви информации за учесниците од страна на државните органи или тоа се бара со закон, уредба, правило, регулатива или судски налог, без оглед на какви било други одредби на овие правила и услови, организаторот и Сони може да ги откријат бараните информации, под услов организаторот и Сони да преземат разумни чекори за добивање на разумен третман на баранате информации.
  10. Неуспехот од страна на организаторот или Сони да примени некое од овие правила или услови не претставува откажување од таа одредба.
  11. Конкурсот, вклучително правилата на Конкурсот и овие правила и услови, се регулираат со законодавството на Република Северна Македонија. Сите спорови околу Конкурсот спаѓаат во надлежност на судовите на Република Северна Македонија.