Canon Oce’ Satin Photo Paper 260 g/m

More Views

Canon Oce’ Satin Photo Paper 260 g/m

Be the first to review this product

Availability: In stock

MKD 1,700.00
€ 27.69
Canon/Oce’ Satin IJM263 Photographic Paper е одлична опција за печатење на уметнички репродукции, промотивни материјали, фотографии со природа, макро, пејсажи, семејни фотографии, фотографии на деца, свадбени фотографии, продуктни фотографии и фотографски изложби.
Оваа хартија се препорачува за фотографии кои ке бидат изложени во простории со големи прозори или други силни светлосни извори, бидејки со својата полу-сјајна површина ке го рефлектира минимално светлото во просторот.
Цената се однесува на испечатена фотографија со димензии 60 х 90 см.

Details

Canon/Oce’ Satin IJM263 Photographic Paper е комерцијална полусјајна тешка хартија (Semi-gloss) одлична е кога сакате да ги прикажете боите во целиот свој сјај и најситните детали на вашиот предмет на фотографирање, но без високата рефлексивност на сјајните „Glossy” фотографски хартии. Оваа фотографска хартија има широк спектар на бои, подлабока црна боја, подобро изразени детали во црните тонови, висока резолуција на принтот, а сето тоа со минимални рефлексии на благодарение на полусјајната површина со мала текстура која е пријатна за очите. Ова е постигнато со помош на конструкцијата на самата хартија која се состои од двостран слој на „PE” премаз, и 4 нивоа на абсорбери на пигменти од „LUCIA PRO„ тонерите, односно предната страна со своите 4 нивоа овозможува при принтањето впивање на поголема количина од мастилото без опасност од туткање или друга деформација на површината. Карактеристично за оваа хартија е тоа што поради својата конструкција на предниот слој може да биде ламинирана во процесот со ладна и топла ламинација (85 до 95 С) со што се зголемува нејзината отпорност при изложување на јавни простории, односно места каде ке има постојан контакт на гледачите со фотографиите како на пример фотографски изложби, образовен материјал за деца, промотивни штандови и др. Оваа хартија е одлична опција за печатење на уметнички репродукции, промотивни материјали, фотографии со природа, макро, пејсажи, семејни фотографии, фотографии на деца, свадбени фотографии, продуктни фотографии и фотографски изложби. Оваа хартија се препорачува за фотографии кои ке бидат изложени во простории со големи прозори или други силни светлосни извори, бидејки со својата полу-сјајна површина ке го рефлектира минимално светлото во просторот. Со својата тежина од 260 г/м. и дебелина од 0,26 мм. е многу лесна за ракување, самата површина е поотпорна на гребење со што се овозможува полесното ракување при припреми за изложби, промотивен материјал и други активности каде ке се работи директно со самите принтови. Една од главните карактеристики е брзото време на сушење и можноста за ламинирање, Се одликува со „ISO Brightness” од 95% . Oce е Холандска компанија која е основана во 1877 година, во 1978 станува светски лидер за продукти поврзани со принтањето за инжењери и архитекти, а целосно влегува во сопственост на „Canon” од 2010 година. Од тогаш целта на „Canon” е да стане светски број еден за големо-форматни печатари и се поврзано со дигиталната печатената индустрија. Максимална ширина на принтот е 60 до 61 см, минимална количина за печатење 2 х А4 формат. Цената се однесува на испечатена фотографија со димензии 60 х 90 см.

Additional Information

Brand Canon

Customer Reviews

Write Your Own Review

Only registered users can write reviews. Please, log in or register

Product Tags

Use spaces to separate tags. Use single quotes (') for phrases.