Canon 500B Portrait matt canvas 320g/m

More Views

Canon 500B Portrait matt canvas 320g/m

Be the first to review this product

Availability: In stock

MKD 3,100.00
€ 50.49
Canon 500B Portrait matt canvas е одлична опција за печатење на вашите најдобри фотографии, односно фотографии кои сакате да ги оставите на вашите деца, внуци, клиенти и љубители на фотографијата уште многу години после вас. Идеално е за печатење на портрети, свадбени фотографии и галериски принтови. Може да се користи и во комерцијални цели за изработка на банери, промотивен материјал за изложби и саеми, односно на сите места каде треба да оставите впечаток со прикажаните фотографии.
Цената се однесува на испечатена фотографија со димензии 60 х 90 см.

Details

Canon 500B Portrait matt canvas е идеално платно на кое може да печатите портрети, репродукции и други уметнички дела кои ке наликуваат на платната на старите уметници со калсичниот изглед на маслени бои на платно. Ова платно е со нерефлектирачка површина. Поради своите карактеристики ова платно е наменето за професионалните фотографи и напредните аматери кои што сакаат нивните дела да го задржат својот висок квалитет и после многу години од денот кога се испечатени. Се одликува со длабоки богати црни тонови, што се постигнува со задржување на пигментот на „LUCIA PRO „ бојата на површинските слоеви на хартијата. А со повеќе слојната структура се добива изедначено печатење на тоновите на кожата и зоните со повеќе изразена боја. Ова платно е одлична опција за печатење на вашите најдобри фотографии, односно фотографии кои сакате да ги оставите на вашите деца, внуци, клиенти и љубители на фотографијата уште многу години после вас. Идеално е за печатење на портрети, свадбени фотографии и галериски принтови. Може да се користи и во комерцијални цели за изработка на банери, промотивен материјал за изложби и саеми, односно на сите места каде треба да оставите впечаток со прикажаните фотографии. Canon 500B Portrait matt canvas е во групата на најдобри галериски платна на Canon со што се гарантира непроменливоста на квалитетот на боите и самиот принт на повеќе од 93 години, доколку се излакира со специјален лак на површината, квалитетот останува непроменет и над 130 години. Со помош на идеалната комбинација на памук и полиестер во однос од 1:1 овој канвас многу полесно се урамува на дрвени рамки, со што вашата фотографија е претставена на начин како уметничко дело наменето за музеј или галерија. Мора да се земе во предвид и тоа дека поради самото урамување од секоја страна на фотографијата се губат по 3 см. Поради специјалните „LUCIA PRO„ бои и премазот на површината на платното тоа е водоотпорно. Оваа тешка хартија со својата тежина од 310 г/м., дебелина од 0,42 мм. нежна и мека површина на самиот принт му дава чуство на луксуз и присутност, ракувањето со неа претставува вистинско уживање. Се одликува со „ISO Brightness” од 85% . Максимална ширина на принтот е 60 до 61 см, минимална количина за печатење 2 х А4 формат. Цената се однесува на испечатена фотографија со димензии 60 х 90 см.

Additional Information

Brand Canon

Customer Reviews

Write Your Own Review

Only registered users can write reviews. Please, log in or register

Product Tags

Use spaces to separate tags. Use single quotes (') for phrases.