Join Generation R

Join Generation R

canon logo

hero image

Updated on 8:16 AM / 27-May-2021

Одредби и правила на промоцијата Придружете се на Генерацијата Р” на Canon CEE

  1. ПРОМОТИВНИ ПРОИЗВОДИ, ПРОМОТИВЕН ПЕРИОД И УЧЕСНИЦИ

 

  • Оваа промоција е достапна само на набавки направени од производите на листата наведена/прикачена подолу („Промотивни производи”) во Р. Северна Македонија од овластени партнери помеѓу 1.6.2021 и 31.12.2021 година, вклучително („Промотивен период”). Промотивните производи можат да се продаваат само како куќиште на камера или како дел од комплет на објективи или како пакет но може да се направи само ЕДНО барање по комплет или пакет. Набавките мора да се вистински набавки за готовина или негов еквивалент.
  • Сите Учесници мора да бидат на возраст од 18 години или постари и мора да бидат жители во Европската економска област или Швајцарија (EEA) („Учесник”) или да бидат жители на која било од следниве земји: Р. Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово.
  • Се зема предвид дека сите учесници се согласиле да бидат обврзани со овие одредби и услови.
  • Сите производи мора да бидат набавени во Р. Северна Македонија и мора да биле доставени и дистрибуирани до трговците на мало од Canon CEE GmbH („Canon”) или од групата компании на Canon лоцирани во EEA.  Ве молиме проверете со вашиот трговец за веродостојноста на горенаведеното за да се избегнат разочарувања. Продавниците на интернет мора да прикажуваат регистрирана/поштенска адреса во Р. Северна Македонија.

 

Партнери кои учествуваат:

 

Pix Plus

 

  • Сите промотивни производи мора да бидат нови и оригинални производи на Canon. Набавки на употребувани, реновирани или обновени производи, или производи кои се фалсификувани или ги прекршуваат на кој било начин правата на интелектуалната сопственост на групата компании на Canon (на пример, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на паралелни или "сиви" производи) нема да се квалификуваат за оваа промоција. За да дознаете повеќе за паралелни производи погледнете на вашиот локален линк https://www.canon-europe.com/about_us/serial-number-checker .

 

  1. КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ

 

  • За да учествувате во промоцијата, Учесникот мора да набави промотивен производ во Р. Северна Македонија, во промотивниот период и да поднесе валидно барање онлајн во периодот помеѓу 1.6.2021 и 15.1.2022 година.
  • Барањата мора да бидат поднесени онлајн со целосно и исправно пополнување (вклучувајќи ги и одредените валидни сериски броеви на EMEAпроизводите) на образец за барање,наcanon.com.mk/eos-r-promo. Учесниците ќе треба да скенираат, постават и прикачат на онлајн образецот за барањето слика од EAN кодот и серискиот број. Учесниците ќе добијат електронска пошта во рок од 28 часа која го потврдува успешното добивање на нивното барање. Ако не добиете потврда преку електронска пошта во рок од 28 часа по процесирањето на вашето барање, или ако немате пристап до компјутер, ве молиме контактирајте не на info@canon.rs .
  • Промотивните производи се предмет на достапност додека траат залихите на истите. Canon нема да биде одговорен за неуспехот на трговците на мало да ги исполнат нарачките на Промотивни призводи за време на Промотивниот производ.
  • Canon нема да обработи никакви барања примени по истекот на рокот за прием на истите по 15.1.2022 година. Canon нема да процесира барања кои според неговото мислење се нецелосни или нечитливи. Canon нема да биде одговорен за одложени или неуспешно примени барања.
  • Може да се направи само едно барање за набавен промотивен производ.
  • Барања од компании или поединци кои прават набавки на големо (повеќе од 6 Промотивни производи за време на Промотивниот период, освен кога релевантните производи се дел од колекции или пакети како што е опишано во клаузулата (1.1) нема да бидат прифатливи за оваа промоција.
  • Оваа промоција не може да се откупи во поврзаност со која било друга промоција.

 

  1. ПОВРАТ НА ПАРИ

 

  • Учесниците ќе добијат поврат на пари во износите прикажани за набавките на промотивните производи.
  • По приемот и верификацијата на барањето, Canon ќе организира директна исплата на банкарска сметка на Учесникот.Нема да се применат други алтернативни аранжмани и нема да биде понудена исплата со пари или со чек. Какви било наплатени банкарски такси ќе бидат одземени од исплатениот поврат на пари (Cashback).
  • Canon ќе се обиде да го направи трансферот во рок од 28 дена по приемот на целосното и валидно барање.
  • Доколку Учесник не избере една од понудените валути на образецот за барање, може да се додели според апсолутно дискреционо право на Canon.
  • Ќе се издаде само една исплата по жичен трансфер по важечко барање.
  • Ако сте регистриран ДДВ обврзник во Р. Северна Македонија и добивате поврат на пари, тоа може да ја намали оданочуваната вредност на вашата набавка и затоа можеби ќе треба соодветно да го намалите влезниот данок.
  • Сите даноци, давачки или давачки наметнати или применливи за Cashback ќе бидат на товар на Учесникот и Canon нема да прифати никаква одговорност во однос на ова.

 

  1. ПРОМОТОР

 

  • Промоторот е Canon CEE GmbH, Oberlaaer Strasse 233, 1100, Виена, Австрија.

 

  1. ОДРЕКУВАЊА

 

  • Во најголема мера дозволена со закон, Canon нема да одговара за каква било загуба, штета или повреда од каква било природа, предизвикана од кој било Учесник во рамките на оваа промоција. Меѓутоа, ништо во овие правила нема да има ефект на исклучување или ограничување на одговорноста на Canon за лична повреда или смрт предизвикана од докажана небрежност на вработените или агентите на Canon.
  • Canon го задржува правото да ја поништи, прилагоди, и/или измени оваа промоција во секое време без никаква одговорност.

Canon го задржува правото да ревидира барања за да обезбеди усогласеност со овие одредби и услови и да побара дополнителни информации и придружни документи. Canon го задржува правото да исклучи барања и/или учесници ако се посомнева дека промоцијата се злоупотребува на каков било начин. Одлуките на Canon во врска промоцијата се конечни и нема да бидат внесени кореспонденции.

 

  1. ПОДАТОЦИ

 

  • Canon Europa N.V., 59 Bovenkerkerweg, 1185 XB е контролор на податоци во однос на какви било лични податоци доставени од Учесниците. Кои било лични податоци доставени до нас ќе бидат обработени од Interpay Sales Promotions, IDA Business & Technology Park, Ring Road, Килкени, Ирска, заради администрирање на оваа Промоција и доколку е применливо, за маркетинг цели - во случаи кога Учесниците се определиле да добијат маркетинг комуникација од Canon. Дадените лични податоци се чуваат безбедно и можат да бидат пренесени на безбеден сервер надвор од ЕЕА. Банковниот пренос се извршува преку Hyperwallet.
  • Личните податоци собрани од Учесниците се предмет на Политиката за приватност на податоците за потрошувачите на Canon http://www.canon.com.mk/privacy-policy/ .

 

  1. ПРАВО И ЈУРИСДИКЦИЈА

 

Овие одредби и услови и сите спорови кои произлегуваат од или во врска со нив ќе се регулираат и толкуваат во согласност со законите на Австрија и ќе бидат предмет на неексклузивната надлежност на австриските судови.

 

  1. ПРОМОТИВНИ ПРОИЗВОДИ

Производ

ПОВРАТ (ДЕН.)

EOS R5

                             12.700 ден

EOS R6

                                7.600 ден

EOS R

                                5.100 ден

EOS RP

                                3.100 ден

RF 50mm f/1.2 L USM

                                7.600 ден

RF 85mm f/1.2L USM

                                7.600 ден

RF 85mm f/1.2L USM DS

                             10.200 ден

RF 15-35MM F2.8 L IS USM

                                7.600 ден

RF 24-70MM F/2.8 L IS USM

                                7.600 ден

RF 28-70mm f/2 L USM

                             10.200 ден

RF 24-105MM f/4-7.1 IS STM

                                1.250 ден

RF 24-105mm f/4 L IS USM

                                3.500 ден

RF 24-240mm f/4-6.3 IS USM

                                3.100 ден

RF 70-200 f/4 L IS

                                5.100 ден

RF 70-200 f/2.8L IS USM

                                7.600 ден

RF 35mm f/1.8 MACRO IS STM

                                1.250 ден

RF 100-500mm f/4.5-7.1L IS USM

                                9.150 ден

RF 85mm f/2 IS STM

                                1.800 ден

RF 600mm f/11 IS STM

                                1.800 ден

RF 800mm f/11 IS STM

                                2.300 ден

Extender RF 1.4x

                                1.800 ден

Extender RF 2x

                                2.300 ден

Grid  List 

Set Descending Direction
per page

Grid  List 

Set Descending Direction
per page